Кумановец 30 дена во притвор за дилање 15,77 грама марихуана

207
Кумановското обвинителство поведе постапка против 23-годишен кумановец кој се сомничи за производство и продажба на марихуана – соопшти денеска Јавното. обвинителство





Основното јавно обвинителство – Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот од јануари до август 2020 година, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани, при претрес, кај осомничениот, како и во неговото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама – се вели во соопштението на ЈОРСМ.
Обвинителството до Основен суд Куманово поднесе предлог за на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, а во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот донесе решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.
Поврзани содржини