КУЛТОТ НА ЛИЧНОСТА СЕ ГРАДИ ОД БИТОЛА Ковачевски, хероју наш, се провикна Крајовски и – остана жив (ВИДЕО)
И претходниот водач на битолските социјалдемократи, Васко Ковачевски, го воспеваше својот лидер Зоран Заев. Ковачевски сега е на чело на ЕСМ, но Заев е во Струмица...
Изгледа дека култот на личноста на претседателите на СДСМ традиционално се гради од Битола. Не е јасно зошто е тоа така, зошто токму Битола е ендемско подрачје за вакви работи…
Но, сите се сеќаваме како Васко Ковачевски, сегашниот директор на ЕСМ, а поранешен претседател на битолската организација на СДСМ, своевремено го воспеваше лидерот Зоран Заев. Кој заборавил, еве, да потсетиме на овие незаборавни стихови на Ковачевски од 2016 година, посветени на неговиот лидер:
На челната позиција на битолските социјалдемократи сега има „ново дете“. Се вика Драган Крајовски. Роден е во 1985 година. Правник е, со положен правосуден испит и со магистратура. Од 2017 година до денес успешно ја извршува функцијата директор на Казнено-поправната установа Затвор Битола.
На последната трибина на СДСМ во Битола, вознесен од успесите на својот лидер Димитар Ковачевски, тој му се обрати директно, со зборовите: „Вие сте херојот на денешницата!“.
Погледнете го тоа видео кое кажува многу:
Останува да се види како кон овие појави ќе се однесува самиот Ковачевски.
Неговиот претходник Заев уживаше во ваквите изблици на „љубов“ кон него, несвесен дека култот на личноста кратко трае и „нашите херои“ во политичката обично лошо завршуваат.
Но ете, да видиме…