Кучињата и мачките можат да се заразат со ковид-19

Земени се брисеви од 310 миленичиња во 196 домаќинства каде што барем еден човек фатил коронавирус. Шест мачки и седум кучиња биле позитивни на ПЦР-тестот, а 54 животни биле позитивни на вирусни антитела.

217

Нови истражувања во Холандија покажаа дека ковид-19 е чест и вообичаен кај мачки и кучиња чии сопственици биле заразени со вирусот.

– Ако имате ковид-19, треба да избегнувате контакт со мачка или куче, исто како и со луѓето. Главната грижа не е здравјето на животните, туку потенцијалната опасност тие да бидат само носители, па вирусот повторно да дојде кај човек – истакна Елс Броенс од Универзитетот на Утрехт.






Земени се брисеви од 310 миленичиња во 196 домаќинства каде што барем еден човек фатил коронавирус. Шест мачки и седум кучиња биле позитивни на ПЦР-тестот, а 54 животни биле позитивни на вирусни антитела. Повеќето заразени миленичиња имаат тенденција да не покажат симптоми или пак, имале поблаги симптоми на ковид-19.

Авторите на испитувањата сметаат дека досега нема докази за пренесување на болеста од домашно милениче на неговиот сопственик, но тоа е тешко да се утврди додека вирусот се уште лесно се шири меѓу луѓето.

Резултатите беа презентирани на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести. Сите ПЦР-позитивни животни ја совладале заразата и развиле антитела. Истражувачите велат дека најверојатниот начин на пренесување на вирусот е од човек на животно, а не обратно.

Поврзани содржини