КУЧИЊА-СКИТНИЦИ МУ ГО ЗАДАВИЛЕ МИЛЕНИКОТ Грозен настан на кичевските улици
Додека го шетал своето куче, среде бел ден, А.Ф.(35) од Кичево бил нападнат од кучиња-скитници, кои пред очи му го задавиле миленикот, соопшти полицијата.
Кичевчанец денеска доживеал ужасна случка – додека го шетал своето куче, среде бел ден, бил нападнат од кучиња-скитници, кои пред очи му го задавиле миленикот.
Тој настанот го пријавиил во полиција.
„На 7.10.2024 во 12.15 часот, А.Ф.(35) од Кичево во полициска станица пријави дека на улица Ленинова во Кичево, додека го шетал неговото куче домашен миленик, бил нападнат од кучиња-скитници кои го укасале и задавиле неговото куче“, соопшти полицијата.