Kуче во болница во Вухан три месеци го чека сопственикот кој починал од коронавирус

927

Седумгодишно куче по име Xiao Bao, што значи „мало богатство“ на кинески, уште еднаш докажа дека кучето е навистина најдобриот пријател на човекот.

Неговиот сопственик бил хоспитализиран во болницата во Вухан во февруари поради инфекција со коронавирус, а починал само пет дена подоцна.






Xiao Bao чекаше трпеливо во ходникот во болницата три месеци, надевајќи се дека сопственикот ќе се појави, пишува LADBible.

Вработените во болницата неколку пати се обиделе да го избркаат надвор, но секој пат кога ќе го однеле некаде подалеку, тој пронаоѓал пат да се врати и да чека.

Во мај, луѓето почнале да се жалат дека кучето престојува во болницата, па персоналот го повикал засолништето за животни каде сега се наоѓа Xiao Bao. Тој е вакциниран, стерилизиран и моментално се бара негов дом.

Поврзани содржини