КУЧЕ ПРЕТРЧА 380 КИЛОМЕТРИ И СЕ ВРАТИ Газдите не веруваа дека ќе го најдат дома!

Го препознав Пабло и не можев да поверувам, тоа беше вистински момент на среќа, изјави за радиостаницата Франс Блу сопственичката Кетрин. Кучето навистина било Пабло - ослабено, но живо и здраво. 

1,259

Куче претрчало неверојатни 380 километри за да се врати дома кај своите газди во градот Ним во Франција, откако претходно го изгубиле додека биле на одмор, пишува Пинк. Ловечкиот териер Пабло бил забележен како исцрпен шета по улиците на својот роден град од познаници кои веднаш ги контактирале газдите.

– Го препознав Пабло и не можев да поверувам, тоа беше вистински момент на среќа – изјави за радиостаницата Франс Блу сопственичката Кетрин.






Кучето навистина било Пабло – ослабено, но живо и здраво.

– Одлучивме веднаш да си одиме дома  – вели сопственикот Роџер.

Кетрин и Роџер го загубиле Пабло на патот за дома од Италија кон Франција. Тие застанале во регионот Савој во Франција, а кучето излегло да прошета и да душка наоколу. Го чекале со часови, но го немало. Пријавиле и во полиција, а потоа продолжиле по патот. Останатото е историја.

Кетрин и Роџер одлучиле дека на Пабло ќе му купат околувратник со џи-пи-ес уред за никогаш повеќе да не го загубат.

Поврзани содржини