КУЧЕ ПОВРЕДЕНО ВО БОРБА ГО ОСТАВИЛ ВО НАПУШТЕНА КУЌА Приведен тетовец поради мачење животни

303

Поради организирање борби со кучиња, полицијата вчера го лишила од слобода 19-годишниот Х.Х. од тетовското село Лавце.

Полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера (21 февруари) во 12 часот и 40 минути во тетовското село Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х. Х. поради сомнение дека заедно со уште 2 други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“.






Тој минатата недела организирал борба помеѓу 2 кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Х.Х. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани содржини