КУЌЕН ПРИТВОР ЗА МОТОРЏИЈАТА ШТО УСМРТИ МАЖ НА КЕЈ Веќе бил осудуван за насилство врз малолетник
Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено жалба за определената мерка куќен притвор за лицето што со мотоцикл пред неколку дена го усмрти 68-годишник скопјанец Југослав на пешачка патека на кејот на реката Вардар во близина на Паркот на франкофонијата, информира ОЈО Скопје.
По информациите во јавноста дека 25-годишниот скопјанец двапати претходно бил осудуван, од Обвинителството информираа дека кај нив лицето е евидентирано со една пресуда за насилство како малолетник и една за непочитување на здравствени прописи во време на ковид-кризата.
Од ОЈО Скопје вчера информираа дека е поведена истрага против 25-годишниот скопјанец кој откако со мотоцикл усмрти 68-годишен маж, побегна од местото на настанот.