КУЌАТА НА ЕНТОНИ ХОПКИНС ИЗГОРЕ ВО СТРАШНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Актерот напиша потресна порака на својот профил на Инстаграм
Актерот Ентони Хопкинс напиша трогателна порака во која посочи дека љубовта е единственото нешто што секогаш можеме да го носиме со себе, без разлика на сѐ.
Пожарите во областа Лос Анџелес доведоа до незамисливи катастрофи во кои се уништени голем број домови, меѓу кои и домот на актерот Ентони Хопкинс, објави Би-Би-Си.
По трагичната загуба на својата куќа во пожар, Хопкинс се огласи на својот профил на Инстаграм со потресна порака.
„Додека сите ние се бориме да закпрепнеме од уништувањето на овие пожари, важно е да запомниме дека единственото нешто, што секогаш можеме да го земеме со себе, е љубовта што ја даваме“, напиша актерот.
View this post on Instagram
Куќата на Хопкинс се наоѓаше во Пацифик Палисадес.
Тој не е единствената позната личност чијашто куќа изгоре, меѓу нив се Парис Хилтон, Мел Гибсон, Кенди Спелинг и многу други.