КРВАВА ТЕПАЧКА ВО ТЕТОВО Со нож е повреден 36-годишен тетовец

Тешко повреден е 36-годишник, кој по пружената помош во тетовската болница бил однесен на скопските клиники. 

607

Во Тетово вечерва расправија меѓу двајца мажи на 36 и 37 години преминала во физички напад и ранување со нож.

Тешко повреден е помладиот 36 годишник, кој по пружената помош во тетовската болница бил однесен на скопските клиники.






– Денеска (27 јануари) околу 21 часот и 45 минути, на улица Страшо Пинџур во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода  36-годишниот тетовец Д М. Тој се сомничи дека околу 18 часот и 15 минути, на улица Илинденска во Тетово, физички го нападнал и со остар предмет го повредил 37-годишниот Ф.И., исто така, од Тетово. На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија, а Ф.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето Д.М. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани содржини