КРВАВА СЕДЕНКА ПРЕД ЗГРАДА ВО АЕРОДРОМ Двајца мажи прободени со нож од засега непознато лице
Настанала мешаница, при што 30-годишниот В.С. бил прободен во гради, грб и во глава, додека М.Н. добил само исеченици. Потешко повредениот В.С. бил пренесен во Клинички центар каде му бил извршен оперативен зафат.
Двајца мажи биле прободени со нож од засега непознато лице во скопската населба Аеродром, на 11 септември во 02 часот и 15 минути.
Според нашите информации, двајцата мажи седеле пред зграда во Аеродром, разговарале, слушале музика, пиеле пиво, а по некое време засега непознатото лице дошло со возило џип и се паркирало пред влезот на зградата.
Како што вели нашиот извор, наеднаш настанала мешаница, при што 30-годишниот В.С. бил прободен во гради, грб и во глава, додека М.Н. добил само исеченици. Потешко повредениот В.С. бил пренесен во Клинички центар каде му бил извршен оперативен зафат.
Двете момчиња нападот во СВР Скопје го пријавиле на 13 септември во 10 часот, за што добивме потврда и од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат немилиот настан и велат дека се работи на расчистување на случајот.
– На 13.09.2023 во 10.00 часот во ЕНК при СВР Скопје В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје пријавиле дека на 11.09.2023 околу 02.15 часот на подрачјето на Аеродром едно лице, кое било со возило џип, со остар предмет ги нападнало и им нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР за Плусинфо.