КРВАВА СЦЕНА НА „ПАРТИЗАНСКА“ Малолетник со нож избоде 17-годишно момче по расправија

Според истрагата, по претходна расправија, осомничениот 16-годишник физички го нападнал 17-годишно момче и му нанел убодни рани со остар предмет.

1,199

16-годишен малолетник заработи кривична пријава откако на булеварот Партизански одреди во Скопје со нож прободел 17-годишно момче. Инцидентот се случил на 2 јуни, а напаѓачот заработи кривична пријава „тешка телесна повреда“, информира Министерството за внатрешни работи.

Според истрагата, по претходна расправија, осомничениот 16-годишник физички го нападнал 17-годишно момче и му нанел убодни рани со остар предмет.






Повредениот веднаш бил пренесен во болница, каде што му била укажана лекарска помош. Неговата состојба засега не е детално соопштена, но од МВР велат дека бил стабилизиран благодарение на брзата интервенција на медицинскиот тим.

По документирањето на случајот, полицијата поднела кривична пријава против напаѓачот, а надлежното обвинителство ќе ја води понатамошната постапка.

Поврзани содржини