КРВАВА ПАРАДА ВО ВИСКОНСИН Теренско возило прегази неколку луѓе (ВИДЕО)
Полицијата не знае дали нападот е поврзан со тероризам.
Славеничката парада во градот Ваукеша, во американската сојузна држава Висконсин, синоќа за миг се претвори во сцена на ужас откако возач на теренски автомобил со голема бризина влета во толпа, при што има неколкумина загинати и повеќе од 20 повредени лица, јави Ен-Пи-Ар.
Оттаму соопштуваат дека меѓу прегазените имало и деца.
Полицијата не знае дали нападот е поврзан со тероризам.
– Нема никаква основа за тоа – изјави Ден Томсон, командир на полицијата во Ваукеша.
Според него, возилото било пронајдено и задржано е „едно лице“, без да се прециизра дали тоа е возачот.
Отворена е истрага и во неа се вклучи и Федералното биро за истраги.
Полицијата информира дека местото на крвавиот настан е расчистено и дека централниот дел на градот сега е безбеден.
Во видео постирано на социјалните мрежи се гледа како црвен џип преминува две ниски барикади и со голема брзина се движи низ главната улица. Се гледа и како полицаец се обидува да го запре возилото со пукање во него.
Со парадата градот Ваукеша славел 125 години од основањето, јави „Њујорк тајмс“.