КРВАВА КАВГА ЗА ДЕВОЈКА Петнаесетгодишник избодел младо момче

249

Во трговски центар на булевар Кузман Јосифовски Питу во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера привеле 15-годишник од Скопје.

„Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с. Зелениково, скопско, при што бил забележан и задржан од полициски службеник од Полициската станица Центар.






Од него бил одземен ножот, а повредениот М.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана телесна повреда. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
Поврзани содржини