КРВАВА БРАТСКА ПРЕСМЕТКА ВО БУТЕЛ Вработен во Општината бил прободен со нож
Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.
Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда, бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.
– Во 7:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на Општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје – велат од МВР.
Полицијата работи на расчистување на случајот и засега нема информации за причините за нападот.