📽️ КРВАВ НАПАД ВО ПАКИСТАН Бомба разнесе воз со воен персонал, најмалку 24 загинати

Автомобил натоварен со експлозив удрил во воз што превезувал воен персонал во Белуџистан, а одговорноста за нападот ја презела сепаратистичката Ослободителна војска на Белуџистан.

27

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се повредени во силна експлозија што го потресе возот со воен персонал во југозападниот дел на Пакистан. Нападот се случил во покраината Белуџистан, додека возот минувал низ железничката станица Чаман Фатак во градот Квета.

Според првичните информации, автомобил полн со експлозив се забил во еден од вагоните, по што следувала разорна експлозија која целосно уништила дел од композицијата.






Снимките од местото на трагедијата покажуваат искршени вагони, изгорени остатоци од возот и густ чад што се издигал над железничката станица.

Одговорноста за нападот ја презела Ослободителна војска на Белуџистан, вооружена група која со години води бунт за независност на регионот.

 

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро го осуди нападот, нарекувајќи го „одвратен терористички чин“.

– Изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и посакувам брзо закрепнување на повредените – изјави Шариф, додавајќи дека ваквите напади нема да ја разнишаат решителноста на државата во борбата против тероризмот.

Нападот го осуди и сенаторката Шери Рехман, која откри дека меѓу загинатите и повредените имало и жени и деца кои патувале за празнични прослави.

– Оние што стојат зад вакви злосторства ќе се соочат со силен одговор од безбедносните сили – порача таа.

Белуџистан важи за едно од најнестабилните подрачја во Пакистан, каде често се изведуваат напади врз војската, полицијата и државната инфраструктура.

 

Поврзани содржини