КРВАВ НАПАД ВО ГЕРМАНСКА КОМПАНИЈА Маж со нож убил вработен, двајца тешко повредени
Голем број екипи за итна помош биле распоредени во просториите на компанијата „Уеберландверке Рон“ во баварскиот град Мелрихштат, каде што им била укажана помош на повредените.
Едно лице загина, а две се тешко повредени откако маж со остар предмет нападна вработени во електроенергетска компанија во јужно централна Германија, соопшти локалната полиција во вторникот, објави Ројтерс.
Голем број спасувачки екипи биле испратени на теренот на компанијата „Уеберландверке Рон“ (Ueberlandwerke Rhoen) во баварскиот град Мелрихштат, каде што се грижеле за повредените, соопшти полицијата.
Едно лице починало на самото место, а напаѓачот – 21-годишен германски државјанин – е веќе приведен. Полицијата истакна дека нема опасност за јавноста и дека нема индиции за политичка или за терористичка мотивација.
Портпаролот на компанијата „Уеберландверке Рон“ одби да коментира и ги упати новинарите кон полицијата за дополнителни информации.