КРВАВ НАПАД ВО БЕРЛИН Авганистанец прободе жена во паркот затоа што работела

Нападот во градскиот кварт Вилмерсдорф се случи во саботата попладне, а тешко повреден е 66-годишен минувач, кој се обидел да и помогне на нападната жена.

714

29-годишен Авганистанец во Германија нападна и тешко повреди 58-годишна жена која работеше во парк во Берлин, наводно затоа што не му се допаднало тоа што таа била вработена на тоа место како жена, соопшти денеска полицијата.

Нападот во градскиот кварт Вилмерсдорф се случи во саботата попладне, а тешко повреден е 66-годишен минувач, кој се обидел да и помогне на нападната жена.






Полицијата соопшти дека напаѓачот, чиј идентитет не е откриен во согласност со германските закони за приватност, наводно и пришол на жената и разговарал со неа.

Потоа одеднаш извадил нож и ѝ нанел неколку убоди во вратот. Тој нападнал и маж кој се обидел да и помогне на жена.

Идентитетот на жртвите исто така не е откриен.

Напаѓачот е уапсен и ќе биде обвинет за обид за убиство и предизвикување тешка телесна повреда.

Полицијата во соопштението наведува дека осомничениот можеби страдал од ментална болест, меѓутоа, обвинителите и криминалната полиција исто така испитуваат дали неговиот напад можеби бил мотивиран од исламистичка идеологија.

Поврзани содржини