📽 КРВАВ НАПАД ГО РАЗБУДИ ГРАДОТ ХОФДОРП ВО ХОЛАНДИЈА На полициско возило се забележани дамки од хоророт

Повеќе лица се повредени, меѓу нив и еден наш колега. На терен се бројни итни служби и тим за итни медицински интервенции (ММТ), соопшти локалната полиција на Хофдорп.

599

Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, јавија локалните медиуми.

Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад.






Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв.

Полицијата во соопштение на Икс информира дека околу 6 часот примила дојава за напад на улицата Фани Бланкерс-Коенлан.

„Повеќе лица се повредени, меѓу нив и еден наш колега. На терен се бројни итни служби и тим за итни медицински интервенции (ММТ). Подрачјето е оградено. Истрагата е во тек. Следуваат повеќе информации“, соопшти локалната полиција.

 

Поврзани содржини