КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО MOРАНИ Малолетник со нож нападнал 18-годишник, повредениот заврши во болница

По расправија во скопското село Морани, 16-годишник е уапсен под сомнение дека со нож го нападнал 18-годишниот Х.Д., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во приватна болница во Скопје.

94

Шеснаесетгодишник од скопското село Морани е приведен откако, според полицијата, по расправија во селото, нападнал 18-годишен млад човек и го повредил со нож.

Инцидентот се случил на 10 април 2026 година околу 20:25 часот, кога по претходна вербална расправија меѓу двајцата, ситуацијата ескалирала во физички напад.






Повредениот, 18-годишниот Х.Д. од истото село, бил итно пренесен во приватна болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По нападот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетникот, а ножот што бил користен во инцидентот бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.

Поврзани содржини