КРУНИСАНА Е „ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ“ Бранко и Ивица ќе возат „мерцедеси“

Бранко Стојчевски и Ивица Зарков се победниците на „Играј без нервози и мерцедес вози“ и со тоа освојувачи на главната награда, автомобил „мерцедес“, секој во својата категорија.

351

Патот до целта знае да биде убав и возбудлив, но она што дава смисла на сè е исполнувањето на таа цел. Најпопуларната наградна игра во Македонија „Играј без нервози и мерцедес вози“ ја мина својата целна линија и многу играчи ги довезе на средба со нивните желби. Меѓутоа, само двајца на крај добија привилегија да го доживеат она што сите го сонуваа – да ги примат клучевите од својот нов автомобил „мерцедес“.

– Бранко Стојчевски и Ивица Зарков се победниците на „Играј без нервози и мерцедес вози“ и со тоа освојувачи на главната награда, автомобил „мерцедес“, секој во својата категорија. Триумфално дојдоа во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија на прогласување и доделување на вредните награди. На малата свеченост имаа можност и да наздрават со познати и омилени лица, Едина Муса и Игор Стефановски-Иџе, кои всушност им ги предадоа клучевите од нивните нови „трофеи“ – велат од компанијата. 






Ивица Зарков е добитникот во категоријата видеолотариски игри. Тој освои автомобил модел „mercedes benz c180“. Не криеше дека е страстен играч и дека игрите му служат за да се забавува и релаксира. Најчесто играл три игри во исто време и тие се оние кои му донеле успех, да го освои првото место во поредокот и со тоа да го добие „мерцедесот“.

– Не постои начин да ја искажам мојата радост во моментов. Можам да посакам само да го возам во убаво друштво – рече Ивица.

Добитникот во категоријата спортско обложување, пак, Бранко Стојчевски, покрај што беше среќен беше и видно изненаден. Тој ја освои наградата автомобил модел – „benz CLA 180 Coupe“.

– Искрено, не очекував дека токму јас ќе стигнам до „мерцедесот“. Ова е вистинско изненадување за мене, а верувајте и за мојата сопруга. Таа ќе биде првата што ќе се вози во него – истакна Бранко.

Нивната победа во двете категории и добивањето на автомобилите „мерцедес“ е круната на „Играј без нервози и мерцедес вози“, наградната игра, која пет месеци ги забавуваше и ги наградуваше играчите на единствената легална платформа за онлајн игри на среќа, 2win.mk. Покрај Бранко и Ивица, во текот на овие пет месеци или пет натпреварувачки кола, 420 други играчи освоија 420 парични и стокови награди како скутери, велосипеди, електрични тротинети, лаптопи, таблети, телефони, дигитални часовници… Видеолотарија Касинос Австрија и нејзините верни играчи уште еднаш се покажаа како тим кој пред сè забавува и носи радост.

Поврзани содржини