КРИЗАТА СО ЛЕГИТИМИТЕТОТ ДА СЕ РЕШИ СО ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО 2025 ГОДИНА Ахмети му порачал на Рокас дека ДУИ не отстапува од европската определба
На средбата со евроамбасадорот Михалис Рокас Али Ахмети повторил дека политичкиот дијалог мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници, затоа што тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија, а решението за сегашната ситуација е во нови избри.
ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација, му порачал претседателот на ДУИ Али Ахмети на евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата во партиското седиште во Тетово.
ДУИ соопшти дека Ахмети и амбасадорот Рокас долго разговарале за сите политички прашања во Македонија.
Ахмети порачал дека за нив евроинтеграциите се без алтернативи и дека ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите со ЕУ и за спроведување на реформите, без никакво одлагање и со политички консензус.
„Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на Владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн. Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор“, соопшти ДУИ.
Ахмети повторил дека политичкиот дијалог мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници.
„Тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија. Ахмети повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година“ соопшти ДУИ.