КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РОСОМАН Само за алкохол и за мезе биле потрошени стотици илјади денари
Според пријавата, градоначалникот во периодот 2022–2023 година изготвил 6 лажни јавни исправи – 4 одобренија за градење и две за реконструкција на улици. Овие документи не биле евидентирани во официјалниот систем „е-Одобрение за градење“, иако бил должен тоа да го направи.
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против актуелниот градоначалник на Општина Росоман, Стојан Николов, поради злоупотреби и фалсификати во издавање одобренија за градење и трошење јавни пари.
Според пријавата, градоначалникот во периодот 2022–2023 година изготвил 6 лажни јавни исправи – 4 одобренија за градење и две за реконструкција на улици. Овие документи не биле евидентирани во официјалниот систем „е-Одобрение за градење“, иако бил должен тоа да го направи.
Со тие фалсификувани одобренија, искористени се вкупно 35,9 милиони денари од буџетот на Општина Росоман, Министерството за транспорт и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Покрај тоа, С.Н. е осомничен дека ги надминал дозволените износи за репрезентација, гориво и пијалаци за секоја од годините од 2021 до 2024, при што се користеле јавни пари за лични цели. Само за алкохол, млечни и сувомеснати производи биле потрошени стотици илјади денари.
Воедно, без основа биле склучувани договори со лица вработени во друга општина – Кавадарци, при што се потрошени дополнителни 242.000 денари, и направена е директна штета на буџетот на Општина Росоман во висина од речиси 2,9 милиони денари.
Финансиската полиција го сомничи С.Н. за две кривични дела – фалсификување исправа и злоупотреба на службена положба и овластување. Случајот е предаден на Основното јавно обвинителство во Кавадарци.