Кривичен ќе суди само притворски и предмети поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните

308

Во Кривичниот суд од денеска ќе се судат само предмети во кои еден или повеќе обвинети имаат мерка притвор или куќен притвор, предмети од член 205 и 206 од КЗ поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните и предмети поврзани со нарушување на полицискиот час и другите мерки на Владата на РСМ за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19, а за чие постапување надлежен е судот.






Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, судот ќе постапува и по сите итни предмети за кои се надлежни кривичните совети, а по кои се постапува на нејавни седници.

– За таа цел изготвена е листа од 39 притворски предмети, насрочени во следните 30 дена за кои предмети странките кои имаат усна или писмена покана се должни да дојдат на закажаното судење, додека странките во сите други постапки кои не се наведени на листата ќе добијат дополнителни покани за следните термини. Согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба, судот со новата листа на предмети значително го намали бројот на насрочени расправи, а со тоа и фреквенцијата на луѓе во судот како дел од препораките за заштита од ширење на вирусот – соопштија од Кривичен.

Поврзани содржини