„КРИВАТА КУЛА ВО ПИЗА И КРИВАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ, ТИЕ СЕ ТИЕ!“ Твитерџиите си играат мајтап со новогодишно Скопје
Како што вети градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, градот конечно беше накитен на 15 декември, сепак украсувањето од 30.000 евра наиде на потсмев на социјалните мрежи, а особено поставената елка на плоштадот „Македонија“ која стана топ тема.
Странските туристи почнале масовно да ги откажуваат новогодишните и божиќните аранжмани во Охрид и да ги презакажуваат хотелските резервации за Скопје, затоа што разбрале дека најпознатата светска туристичка атракција во овој момент се наоѓа на скопскиот плоштад – кривата елка, се вели во една од реакциите на социјалните мрежи.
Како што вети градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, градот конечно беше накитен на 15 декември, сепак украсувањето од 30.000 евра наиде на потсмев на социјалните мрежи, а особено поставената елка на плоштадот „Македонија“ која стана топ тема.
Реакции има на фејсбук, инстаграм, твитер (икс), па поради тоа ќе споделиме дел од нив за тоа што мислат граѓаните за тоа како изгледа Скопје пред новогодишните празници.
странските туристи почнале масовно да ги откажуваат новогодишните и божиќните аранжмани во Охрид и да ги презакажуваат хотелските резервации за Скопје, затоа што разбрале дека најпознатата светска туристичка атракција во овој момент се наоѓа на скопскиот плоштад – кривата елка
— Густав Охридски (@Nopak_od_Varosh) December 19, 2023
и да сакаш да си оптимист и да си позитивен и да ти е убаво, глејте бе скопје какво е? Родители мкнат деца по молови за да видат накитена елка. pic.twitter.com/ufScVwk3c7
— Cosmic Glue🌠 (@JasnaMishevska) December 19, 2023
Знаете како викаат: каква ти е душата и домот, таква ти е и новогодишната елка.
Кметице, ова е одраз на вашата душа и вашиот дом, Град Скопје. Срамота. pic.twitter.com/P7tInZTuTz— Alexander III of Macedon (@MakFalanga) December 18, 2023
Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе pic.twitter.com/YrkiKvRoYQ
— 100Marki (@100deutschemark) December 18, 2023
Македонија во една слика 👇🏻 pic.twitter.com/rjOrntguRV
— Maksimilijan Kazakov 🇪🇺 (@KAZAKOV_mk) December 18, 2023
каков народ, таква елка на плоштад:
сиромашен, ужасен, грд за гледање.
— Cosmic Glue🌠 (@JasnaMishevska) December 19, 2023
Ова не е дел од рубриката верувале или не, туку е жална и тажна вистина. Вмровската неспособност на дело. Една елка не може да накитат како што треба, држава сакале да водат цепенициве 🤣 pic.twitter.com/DVQbZ0tN4X
— Професорката Мила (@UcitelkataMila) December 19, 2023
Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес 😁#БлеснаСкупјенце ✨️ pic.twitter.com/BdnTMhUShH
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) December 18, 2023
Пуу у пичку матер… срам да те фати од конусов! Ова лие елка бе која година е 2002 ли? 😬😬🤢🤮 pic.twitter.com/uVAZjMdObO
— Германка™ 🇩🇪❤️🔥 (@sugaryouknowm_e) December 19, 2023
Не знам зошто Данела воопшто се замарала да става елка на плоштад. pic.twitter.com/JtleA6PmSu
— Цандо Македонски (@CandoMakedonski) December 18, 2023
Што си се накитила како елка, сега добива друго значење.
— Onaga (@AMitevski83) December 18, 2023
Го оправдуем визуелниот хорор од елка на Плоштад, само ако Данела ја платила 700 МКД од свој џеб.
— Бапчо (@TheFitzzz) December 18, 2023
Дан требит елка? Во Келн имат преку 100! pic.twitter.com/PvSFBC0Ks8
— Жиле од Долно Дупени 🇲🇰 (@batozile) December 18, 2023
Во Киев, Украина се води војна со Русија, веќе 663 дена. Сепак, градоначалникот Кличко го украсил градот, како што доликува. Луѓето среќни и радосни барем за момент.
Скопјенце, градоначалничката нѝ го украси, со една тажна елка, која го отсликува и нејзиното владеење. pic.twitter.com/g4kdcbpTsA
— Ава (@AvaOdBolivud) December 17, 2023
Ваљда планирале у ќош да ја стават па позади не се кити елка нале…
Друго објаснување немам…не https://t.co/ZRj36wBq10— Jas (@BrlaBrla) December 18, 2023
Што е оваа мизерија бе. Нека земат природна елка и нека ја украдат со бели сијалички. И околу неа нека стават украси различни. Ова е срам у Шутка да го стаиш а не па у сред Центар. pic.twitter.com/JX4e6pkop4
— Скопјанецот (@izmorenodsvetot) December 18, 2023