КРИУМЧАРЕЛ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Шверцер од Франција успеал да помине низ „Богородица“, но на крај го фатиле

Осомничениот, на влез во државава на граничниот премин „Богородица“, како сопатник во автомобил „ауди“ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена стока од поголема вредност, односно 7 парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама и вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил.

213

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Турција, со привремено престојувалиште во Република Франција, бидејќи постои основано сомнение дека сторил Криумчарење согласно член 278 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Осомничениот, на 11 септември, на влез во државава на граничниот премин „Богородица“, како сопатник во автомобил „ауди“ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена стока од поголема вредност, односно 7 парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама и вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил.






Со оглед на тоа дека постои реална опасност од бегство и дека неговото присуство во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди на друг начин, по предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.

Поврзани содржини