КРИУМЧАРЕЛ МИГРАНТИ, КРИЕЛ ОРУЖЈЕ ДОМА Сега ќе одговара за две дела

Скопјанецот на 20-годишна возраст веќе е во притвор, заедно со 12 свои соработници.

2,002

Во тек на полициска акција за сузбивање на организирана криминална група криумчари на мигранти, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.Ф.(20) од Скопје, при што се пронајдени и одземени автоматска пушка без кундак „АК-47″ – „Калашников”, 31 куршум со калибар 7,62 милиметри и 100 куршуми за пиштол со калибар 9 милиметри, кои недозволено ги набавил и чувал во својот дом, соопшти МВР.

А.Ф. бил лишен од слобода и опфатен со веќе поднесената кривична пријава против 13 лица, за сторени кривични дела по чл. 418-в ст.2 и по чл.418-б ст.2 од Кривичниот законик, и веќе издржува мерка притвор во траење од 30 дена – информира полицијата.

Поврзани содржини