„КРИМИНАЛОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА ЌЕ ГО КРИЈАТ СО ЗАКОН ЗА ДЕЛОВНА ТАЈНА“ Мицкоски вели дека таков закон нема да помине

Ако го злоупотребат повторно европското знаменце, тогаш со промената, следната влада има сериозна намера сето тоа да го корегира - рече Мицкоски.

290

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека власта подготвува нов закон со кој се заштитуваат деловните тајни, но сè уште го нема добиено. Тој смета дека овој закон е поврзан со проектот за изградба на автопатските делници од Коридорите 8 и 10Д.

– Мислам дека тоа е поврзано со еден проект, за којшто велеа дека е деловна тајна, а ние велевме дека не е деловна тајна, а тоа е проектот за изградба на делниците 8 и 10 Д. Таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат сето тоа некако да го покријат и претпоставувам во ова брзање ќе донесат таков закон – вели Мицкоски.






Ваков закон, дополни тој, „нема така да помине, доколку не биде злоупотребено европското знаменце“.

– Ако го злоупотребат повторно европското знаменце, тогаш со промената, следната влада има сериозна намера сето тоа да го корегира – рече Мицкоски при посетата на Општина Лозово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Поврзани содржини