КРИМИНАЛЦИТЕ ОД АРАЧИНОВО СЕ ШЕРИФИ НА СКОПЈЕ Мицкоски вели дека добиваат заштита од МВР

689

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Бутел зборуваше за МВР предводено од Оливер Спасовски каде истакна дека криминалците од Арачиново се шерифи во овој град зошто добиваат заштита од МВР.

– Мислам дека е добро да се почне од почеток, да се направи една ретроспектива од снимените разговори на обвинители и судии кои што завршија во депото на МВР, а никој до ден денеска не понесе одговорност како тоа обвинители и судии  се снимени, па да завршиме со ова последно дивеење на една криминална банда за која што сите ние знаеме дека функционира на територијата на општина Арачиново и кој што се однесуваат како газди во овој град.  МВР поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда е немоќно да им се спротивстави и тие луѓе кои што, зборувам за полицајците кој што се нашле во една непријатна ситуација можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална нарко-банда кое што цело Скопје знае која е, каде живее и како изгледа, а никој за жал до сега не им застана на патот, затоа што се ортаци со нив. Просто е едноставно, е. Така да ќе почнеме од таму, па ќе завршиме со ова – рече Мицкоски.






Тој најави дека ќе ја разгледаат можноста за интерпелација на министерот Спасовски.

Поврзани содржини