КРИМИНАЛЦИТЕ КАКО ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ КОНЕЧНО ДА ОДГОВАРААТ ВО 2026 ГОДИНА Како станаа богаташи со пратенички плати, праша Манасиевски
На СДСМ не им пречи тоа што Венко Филипче со докторска и пратеничка плата има недвижност во Дубаи и што Зоран Заев, земјоделец од Струмица, стана милионер и гради 42-катница во Дубаи, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Лицемерието на Венко Филипче е огромно, по летувањето со Зоран Заев на милионската јахта во Грција, сега е на зимување во Дубаи, реле денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека тука во Македонија Филипче говори дека тешко се живеело, луѓето едвај сврзувале крај со крај, платите биле ниски и слични манипулации од негова страна, паралелно замина на одмор во Дубаи, една од најскапите држави во светот. Филипче нема само едно лице, туку повеќе. Еднаш е загрижен за пензионерите, ама од друга страна сака да им ги укинат зголемувањата на пензиите, друг пат е загрижен за младите, меѓутоа неговата партија ништо не направи додека беа на власт за младите, а толку многу ветуваа, трет пат е загрижен за пациентите во здравството, како воопшто да не беше министер за здравство и како да не местеше тендери и анекси за 20% повеќе да заработи, четврт пат е загрижен за земјоделците, но во негово владеење и на неговите партнери, не им се исплаќаа субвенциите на земјоделците и производите завршуваа на буниште и пред влада, и така натаму, да не ги редиме, многу се – рече Манасиевски.
Меѓутоа, додаде тој, на СДСМ не им пречи тоа што Венко со докторска и пратеничка плата има недвижност во Дубаи, според сведоштвата за коишто не слушнавме од него демант. Како стигнал до тие средства, треба АКТ на СДСМ да истражи, рече Манасиевски.
– Исто така, на СДСМ и Венко не им пречи тоа што Заев, земјоделец од Струмица, стана милионер и гради 42-катница во Дубаи. Како Заев стигнал до милиони за бизнис и за градење на висококатница во Дубаи, АКТ на СДСМ треба и тоа да го истражи – рече Манасиевски.
На СДСМ не им е до реформа или освежување на кадарот, тие си тераат по теркот на Заев, потпишан од Филипче, потенцира Манасиевски.
– На СДСМ единствено што им пречи е тоа што не се власт. А дека не им е грижа за проблемите на граѓаните, видовме од нивното 7 годишно владеење. Очекуваме во новата 2026 година криминалците како Зоран Заев и Венко Филипче, конечно да одговараат – рече Манасиевски.