КРИМИНАЛ НЕ СЕ ГОНИ СО СЛИКАЊЕ ЗА ТЕЛЕВИЗИЈА И ЗА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ Чулев му порача на Спасовски дека е неуспешен министер

„Борбата со криминалот и со криминалните групи, не е политичка кампања, сликање за социјалните мрежи и кампања за претседателски избори“ – напиша Чулев.

306

„Од полиција со меѓународен кредибилитет и реноме, станавме институција која криминалците и осомничени за убиство ги брка преку социјалните мрежи“ – реагираше поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во објава на Фејсбук.

„Скоро 24 часа по вчерашниот настан во Скопје и покрај фотографијата од безбедносните камери, Министерството за внатрешни работи сé уште нема одговор за тоа кој пукаше во две лица во шопинг центар во централното градско подрачје.






Оливер Спасовски и раководството на МВР, кој до вчера не убедуваа дека полицијата расчистила со криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир, веројатно после 7 години, сé уште нe сфатија дека борбата со криминалот и намалување на стапката на криминалитет не е статистичка работа и не се прави преку телевизија и социјални мрежи. Борбата со криминалот и со криминалните групи, не е политичка кампања, сликање за социјалните мрежи и кампања за претседателски избори“ – напиша Чулев.

Поврзани содржини