КРИМ СЕ РАЗБУДИ ВО ЕКСПЛОЗИИ Најмалку двајца цивили повредени близу квартот Џанкој (ВИДЕО)

Руски РИА Новости, исто така, јави дека трафостаница во тој град се запалила околу 06:00 часот во вторникот. Рускиот административен водач на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека итно отишол во Мајскоје за да ја истражи експлозијата на трафостаницата. Причината сѐ уште не е позната.

609

Најмалку двајца цивили се повредени во експлозија која го разбуди Крим утринава. Според првите информации, експлодирал магацин во селото Мајскоје, поради што биле евакуирани околу 2.000 жители на тоа место во квартот Џанкој, на север на островот. На Твитер и Телеграм осамнаа видеа и слики.

 






Украинската телевизија „Некст“ објави непотврдена снимка од експлозијата. Руски РИА Новости, исто така, јави дека трафостаница во тој град се запалила околу 06:00 часот во вторникот. Рускиот административен водач на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека итно отишол во Мајскоје за да ја истражи експлозијата на трафостаницата. Причината сѐ уште не е позната.

 

Ова е втора ваква експлозија на островот во последните денови, а минатиот пат беа уништени неколку авиони во руска воена база. Официјален Кремљ тогаш објави дека серијата експлозии на аеродромот била надворешна несреќа, додека Украина тврдеше дека се работи за операција на украинските специјални сили.

Претходно се шепкулираше дека Украинците за да го гранатираат Крим го употребиле новото оружје со повисок дострел кое го добија од САД и сојузниците.

Поврзани содржини