КРЕМЉ СЀ УШТЕ МОЛЧИ ЗА ПРИГОЖИН Шојгу и Герасимов сакале да ја повлечат „Вагнер“ од Африка?

Според извори на ИСВ, руската армија имала план да ги замени платениците на „Вагнер“ во Африка со корпус од 20.000 војници, а во исто време Шојгу и Герасимов почнале да ги ограбуваат Пригожин, неговите команданти и најмоќните меѓу платениците.

1,726

Само накратко спомнување доби веста за смртта на Евгениј Пригожин во синоќешните вести на руската телевизија, забележува Би-Би-Си. Росија 1 и Канал 1 имаа сосем кратки известувања. И официјален Кремљ молчи. Додека Росавијација потврди дека името на основачот на „Вагнер“ е на списокот на патници, немаше друг коментар.

Институтот за истражување на војната(ИСВ) од САД уште вчера во извештај пишува дека „речиси е сигурно дека „Путин речиси сигурно ѝ наредил на руската воена команда да го собори авионот на Пригожин. Елементите на руската војска, особено рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на армијата, генерал Валери Герасимов, би било крајно малку веројатно да го погубат Пригожин без наредба на Путин“.






Причината за соборување на Пригожин ИСВ ја гледа во спречување на активностите на „Вагнер“ во Африка. Институтот за ова се повикува на информации од свиркачи од внатрешноста.

„Можно е шефот на Вагнер да отпатувал во Африка со цел да обезбеди продолжување на мисијата, целосно игнорирајќи ги Кремљ и Министерството за одбрана“, се вели во написот.

Но, тоа, анализираат меидумите, може да го намали влијанието кое Владимир Путин сака да го има во Африка. Во очи на самитот на земјите од БРИКС, сојуз во кој од 1 јануари догодина влегуваат шест нови земји, а 23 изразиле желба да се приклучат.

Откако се откажаа од пучот на Москва, на само стотина километри од главниот град на Русија, „Вагнеровците“ се посветија на мисиите во Централноафриканската Република, Мали, па дури, според ИСВ, и со државниот удар во Нигер.

 

Според извори на ИСВ, руската армија имала план да ги замени платениците на „Вагнер“ во Африка со корпус од 20.000 војници, а во исто време Шојгу и Герасимов почнале да ги ограбуваат Пригожин, неговите команданти и најсилните сили.

„Пригожин беше крајно против тоа и вложи максимални напори да го спречи“, пишува ИСВ.

ИСВ дава и друга причина зошто Путин би сакал да го оттргне „Вагнер“ од мисиите во Африка:

„Или пак, Путин можеби одлучил дека Пригожин ја преминал однапред воспоставената црвена линија со неговите напори да го задржи пристапот на Вагнер до операциите во Африка. Путин, Пригожин и Лукашенко можеби во самиот договор за крај на бунтот на „Вагнер“ вклучиле и нов договор кој бараше Пригожин да го ограничи неговото и медиумското присуство на Вагнер и/или да ги ограничи операциите на Вагнер во Африка“.

Одбранбени извори во Велика Британија велат дека руската домашна разузнавачка агенција ФСБ (наследниците на КГБ) се оние кои најверојатно го нападнале авионот на Евгениј Пригожин. Тука се мисли на Шојгу и на Герасимов кои му остануваат верни на Путин. И двајцата Пригожин јавно ги критикуваше.

Сепак, британската влада не се осмелува уште да коментира за случајот. Британскиот министер за училишта Ник Гиб вовели дека владата мора да „избегне избрзани заклучоци“.

А медиумите се преполни со анализи за тоа кои други борци беа со Пригожин во авионот, но и кои генерали неодамна беа сменети или ќе бидат сменети во руската војска. На Твитер се шири слика на кој се вели дека четири муви се за „отстрел“ – Пригожин и Дмитриј Уткин се означени како мртви во несреќата, додека генeралот Сергеј Суровикин, познат како „Армагедон“ и националистот Игор Гиркин се означени за смена.

Суровикин неодамна исчезна, а на негово место за командант на воздухоплоните сили беше поставена замена. Гиркин беше уапсен во јули за „ширење екстремизам“. Тој беше критичар на Путин и формираше Клуб на гневните патриоти.

Новинарот Андреј Захаров, основач на Инсајдер, еден од најдобрите истражувачки медиуми (во егзил) во Русија, напиша дека Пригожин вчера се вратил од Африка. Но, тој не стигна до Санкт Петербург…

Поранешниот шеф на МИ6, Сер Џон Соерс вели дека мисли дека е голема веројатноста Владимир Путин да стои зад пријавената смрт на Евгениј Пригожин.

– Никогаш не можете да бидете целосно сигурни за фактите на места како Русија, но сите индикации укажуваат на фактот дека Путин го извади – тој повторно ја потврди својата контрола -изјави тој за програмата „Тудеј“ на Би-Би-Си Радио 4.

Соерс вели дека е веројатно дека имало уред „кој ненадејно го срушил авионот и ги уби сите во него“.

Сепак, ниту Росавијација, ниту кој било друг руски функционер сè уште недвосмислено изјавиле дека Пригожин е убиен. Сѐ уште нема официјална реакција од руските власти за несреќата.

Советник на министерот за одбрана на Украина вели дека пријавената смрт на Евгениј Пригожин е добра вест за Украина.

Во меѓувреме, се огласи Киев.

– Еден терорист помалку значи повеќе нестабилност во Русија. Тоа е повторно уште еден знак дека Русија станува неуспешна држава, управувана од терорист кој се плаши од својот народ – изјави Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана за Би-Би-Си Радио 4.

Поврзани содржини