КРЕАТОРОТ НА ПРОБЛЕМИТЕ, СДСМ, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ И РЕШЕНИЕТО Филипче да им се извини на граѓаните, бара ВМРО-ДПМНЕ

Pрво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните наместо да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економскиот и за социјалниот хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДСМ, каде директен учесник беше и тој самиот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

60

СДСМ не може да си го среди хаосот во сопствените редови, а не пак друго, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните наместо да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економскиот и за социјалниот хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДСМ, каде директен учесник беше и тој самиот. Креаторот на проблемите, СДСМ, не може да биде решение. За 7 години ја опљачкаа и ја презадолжија државата, економијата ја уништија, а народот го осиромашија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Седум години институциите на СДСМ му служеле за испумпување пари и за богатење поединци, седодава во соопштението.

„Целиот државен апарат и безбедносен систем ги ставиле во функција на нивно останување на власт, па така го следеле, прислушкувале и го документирале секој чекор и разговор на претседателот Христијан Мицкоски, на партиски функционери и членови, како и на новинари и бизнисмени. Сега СДСМ, на чело со Венко Филипче, може да седи и да гледа како со ВМРО-ДПМНЕ се водат и се развиваат општините и државата, како се реализираат проектите и се креираат мерки и политики кои го подобруваат животот. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт државата оди напред, а граѓаните живеат подобро“, соопшти владејачката партија.

Поврзани содржини