Кражба во станот на новинарот Саше Димовски, зеле компјутери, документи и пари

1,017

Новинарот Саше Димовски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“, изјави дека во неговиот дом на 2 јуни бил направен упад и од него се изнесени компјутери, документи и пари.

– Тоа што можеле однеле, другите работи се превртени за да изгледа како кражба. Се е пријавено. Дојде полиција и нивната теза е дека веројатно се некои зависници. Таму се земени податоци и многу работи кои се работени во „Сведок“ од 2016-та година, тоа се цели 5 години скоро, почнувајќи од фотографии, документи, податоци за уплати, исплати, даночни биланси, се што има како хартии, одземени се до печати до пликоа со разни документи. Веројатно знаеле што барале – рече новинарот Димовски.

Поврзани содржини