КРАШ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА Приказната за вкусот кој се споделува со генерации (ГАЛЕРИЈА)

Направивме комплетно реновирање и ребрендирање на продажниот салон на „Краш“ на ул. Македонија, а целта беше да ја пренесеме визијата на брендот, а тоа е да се отворат што повеќе слатки продавници за импулсно секојдневно пазарување со голем избор на подарок- пакувања, свежи рефусни слатки и чоколатца,потенцираше Душко Стојков.

656

Приказната за Краш има минато и иднина и е „Вкус кој се споделува со генерации“ под ова мото се ре-отвори Краш Бонбониера на улица Македонија.

Со свечена црвена лента точно напладне вратите на „Краш” ги отворија претставници од менаџментот на Краш Хрватска и увозниците Колид С Тим, како и Хрватската амбасадарока Нивес Тигањ.






– Нашите соработници во Македонија ја следат визијата на „Краш” најдобар бренд на Балканот и поим за чоколади и слатки за идните генерации. Приказната за “Краш” има иднина и треба да се споделува со генерации бидејќи „Краш” бил и останува омилен бренд кој треба да го негуваме -рекоа Невен Пивац, мнозински акционер и Славко Ледиќ, претседател на управниот одбор на „Краш Хрватска”.

За сите љубители на чоколадите тие подготвија големи слатки изненадувања.

– Направивме комплетно реновирање и ребрендирање на продажниот салон на „Краш“ на ул. Македонија, а целта беше да ја пренесеме визијата на брендот, а тоа е да се отворат што повеќе слатки продавници за импулсно секојдневно пазарување со голем избор на подарок- пакувања, свежи рефусни слатки и чоколатца – потенцираше Душко Стојков сопственик на компанијата Колид С Тим ексклузивниот увозник и дистрибутер на производите на Краш Загреб за Македонија.

Хрватската амбасадорка во Северна Македонија Нивес Тигањ рече дека е чест што една од 30-те хрватски компании кои успешно работат на македонскиот пазар.

– Навистина сум задоволна што „Краш” повторно ги отвори вратите за сите гурмани и сладокусци. Сигурно една од нив е познатата Бајадера, а Амбасадата на Република Хрватска во Северна Македонија ќе продолжи, во сите прилики,  да ја промовира не само Бајадера, туку и другите слатки производи на Краш – изјави хрватската амбасадорка Тигањ.

На настанот присуствуваа пријатели на компанијата, претставници од бизнис секторот, како и родители и деца кои ги забавуваше диџеј Алек Солтиров заедно со маскотата Панда која ги наградуваше децата. На ре-отворањето присуствуваа и децата од СОС Детско село кои си добија слатки подароци.

– СОС Детско Село ги почитува ваквите иницијативи на компаниите, Краш е наш соработник и треба да биде пример и за другите компании да ги кани нашите деца на нивните настани за да се дружат со остантите деца. Секоја иницијатива и поддршка за нас е добредојдена, порачаа од СОС Детско Село.

Краш од 1911 годинa па до ден денес наназад е најголем производител и најзначаен бренд во категоријата чоколади, вафли, бомбоњери и бонбони е лидер во сите екс југословенски земји вклучително и Македонија.

Поврзани содржини