КРАЛСКАТА ФАМИЛИЈА БИЛА ЗАГРИЖЕНА ДЕКА ЌЕ ИМА „ОБОЕНО“ ВНУЧЕ? Принцот Чарлс ги отфрли шпекулациите
Андерсен, во книгата „Браќа и сопруги“ пишува дека принцот Чарлс ѝ рекол на сопругата Камила да се запраша како ќе изгледа синот на Меган Маркл и принцот Хари. Камила наводно одговорила „па, децата ќе бидат убави, сигурна сум“, на што Чарлс инсистирал на прашањето за бојата на кожата на децата на принцот Хари и Меган.
Принцот Чарлс и официјално ги отфрли шпекулациите дека тој или кој било член од кралската фамилија биле загрижени околу бојата на кожата на нивниот внук Арчи, пишува Нова. Неговата снаа Меган, мајката на Арчи и жена на принцот Хари, претходно во интервју за Опра Винфри изјави дека има членови на кои тоа би им сметало, а нејзините сомневања ги потврди новинарот и писател Кристофер Андерсен, поранешен уредник на магазинот „Пипл“.
Андерсен, во книгата „Браќа и сопруги“ пишува дека принцот Чарлс ѝ рекол на сопругата Камила да се запраша како ќе изгледа синот на Меган Маркл и принцот Хари. Камила наводно одговорила „па, децата ќе бидат убави, сигурна сум“, на што Чарлс инсистирал на прашањето за бојата на кожата на децата на принцот Хари и Меган.
Но, Чарлс ги отфрли обвинувањата во име на целата фамилија.
„Ова е фикција и не вреди дополнително да се коментира“, се вели во соопштението од канцеларијата на принцот Чарлс.
Хари и Меган претходно обвинија член на кралското семејство за расизам. Тие истакнаа дека не се работи за кралицата Елизабета и принцот Филип, туку дека има некој во семејството кој се распрашувал за бојата на кожата на нивниот нероден син.
Запрашана дали има загриженост дека нејзиното дете ќе биде „премногу кафено“ и дека тоа ќе биде проблем, војвотката не сакаше директно да одговори.
– Ако тоа е вашата претпоставка, тогаш сигурно е – рече Меган кога гостуваше кај Опра Винфри.
Меган во интервјуто не сакаше откри кој од семејството бил расист затоа што, според неа, тоа би било штетно за самиот него.