Кралицата Елизабета мака мачи со технологијата, ѝ помага принцезата ВИДЕО

319

Не е лесно да се биде во тек со модерната технологија и гаџетите, така што честопати и многу помлади луѓе од Елизабета Втора (94) се откажуваат и од поедноставните чекори за да остварат видеоповик. Сепак, британската кралица не се откажува, и на оваа возраст научила да ја користи во пандемијата многу популарната апликација Zoom.

Не минало многу лесно, но ќерката на Елизабета, принцезата Ана (69), скокнала напомош и успешно ѝ асистирала. Во извадокот од документарниот филм што наскоро ќе биде објавен по повод нејзиниот 70-ти роденден, таа ја вклучила нејзината мајка во видеоповикот.






Погледнете го видеото:

– Дали нè гледате сите, треба да има шестмина од нас – прашала принцезата Ана, на што кралицата Елизабета потврдила дека ги гледа, а по извесно време додала дека сепак гледа само четири луѓе.

Нејзината ќерка заклучила дека секако знае како тие изгледаат, а видеото ги забавувало корисниците на Твитер. Ова беше прва средба на кралицата со ваков вид технологија, а кралицата на Zoom околу дваесет минути ги слушала сведочењата на жените за нивните искуства и проблемите со кои се соочиле грижејќи се за луѓето заболени од вирусот ковид-19.

 

Поврзани содржини