КРАДЕЛ ЛЕБ ОД ПРОДАВНИЦИ, АМА БАРЕМ ИМАЛО ШТО ДА КРАДЕ Популарниот Џејмс Бонд проговори за тешките мигови од младоста

Она малку што би го заработил, ќе го потрошев на пиво и чаден лосос, а за вечера најчесто јадев е**но пилешко или говедска чорба, раскажува актерот Даниел Крејг.

321

Даниел Крејг како помлад бил принуден да краде храна од супермаркети за да преживее – пред да стане славен.

Британскиот глумец, можеби најпознат по петте последни „Џејмс Бонд“ филмови, во интервју за „Ролинг стоун“ проговори за тешките мигови од младоста…






– Украдов патка, а девојка ми ја стави под кошулата, преправајќи се дека е бремена – рече тој, додавајќи дека „тоа и не е толку лошо“, оти супермаркетите можe да си дозволат „да изгубат“ една или две патки.

– Инаку, крадев само од попознатите супермаркети што можеа да си го дозволат тоа. Сакам да го разјаснам ова. Но, да му се сневиди, знаете – немавме што да јадеме, а моравме да се храниме – додаде тој.

Инаку, глумецот го напуштил училиштето на 16-годишна возраст и се преселил во Лондон за да се занимава со глума. Бил примен во Националниот младински театар, а по некое време почнал да добива и мали ТВ-улоги.

Меѓутоа, и тогаш не заработувал доволно за да си дозволи „полуксузни“ оброци. Понекогаш избегнувал и да го плати наемот.

– Она малку што би го заработил, ќе го потрошев на пиво и чаден лосос, а за вечера најчесто јадев е**но пилешко или говедска чорба – раскажува Крејг (55).

Деновиве тoj e актуелен со трилер-мистеријата „Стаклен кромид“ (Glass Onion).

Поврзани содржини