МАРИХУАНА НА АВТОПАТ – На 26.09.2020 во 00.40 часот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(33) од н.„Илинден“, Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
КИЧЕВЧАНЕЦ СО МАРИХУАНА – На 25.09.2020 во 02.45 часот во близина на Железничка станица Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода П.Н.(19) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОЛНИ ЏЕБОВИ МАРИХУАНА – На 25.09.2020 во 16.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода И.А.(19), Ф.Ѓ.(18) и А.Х.(23), сите од с.Чегране, гостиварско, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
КРАДЕЦ ФАТЕН НА ДЕЛО – На 26.09.2020 околу 00.05 часот на ул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Г.(40) од Струга, затоа што бил затекнат при извршување кривично дело кражба во куќа на наведената адреса. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ – На 26.09.2020 во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул. „Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
АПСЕЊЕ НА ТАБАНОВЦЕ – На 25.09.2020 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Ф.(32) од Скопје, затоа што при контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп-листата за издржување казна затвор, за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ВО ТЕТОВО – На 25.09.2020 во 13.40 часот на бул. „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(41) од с.Непроштено, тетовско, удрило во малолетен пешак од Скопје, со привремено живеалиште во Тетово. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово.
ДВЕ КОСОВАРКИ ПРИВЕДЕНИ ВО ТЕТОВО – На 25.09.2020 во 22.45 часот во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Р.(25) и Ќ.М.(27), двете од Косово, поради нерегулиран престој во Република Северна Македонија. Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ – На 25.09.2020 во 10.50 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, во с.Зубовце, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „фиат“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(52) од с.Врбјани, удрило во велосипед, управуван од Д.Ј.(18) од с.Галате. По незгодата, Д.Ј. била пренесена во Медицински центар Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
КУЧЕ КАСНАЛО ДЕВОЈЧЕ – На 25.09.2020 во 21.30 часот во Полициската станица Драчево, Љ.С.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Малешевска“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ – На 25.09.2020 околу 13.50 часот на шумски земјен пат на место викано „Буква М“, на планината Галичица, П.Р.(28) од Охрид, додека се движел со трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршила екипа од СВР Охрид.
ОХРИЃАНКА КАСНАТА ОД КУЧЕ – На 25.09.2020 во 21.20 часот во СВР Охрид, С.П.(59) од Охрид пријавила дека на ул.„7 Ноември“ била касната од куче скитник.
(ДЕЛ ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 26.09.2020)