Крањскиот колбас повлечен од продажба во Хрватска

Со оглед на тоа дека производот содржи неозначени алергени, глутен и млечен протеин, производот може да претставува ризик за здравјето на потрошувачите чувствителни на нив, велат од Министерството за земјоделство.

1,041

Крањскиот колбас (ринфуза) се повлекува од продажба во Хрватска поради неозначени алергени, глутен и млечен протеин во производот, информира Министерството за земјоделство.

Станува збор за Крањски колбас (ринфуза) произведена на 2 јули 2021 година со рок на употреба до 2 октомври 2021 година, ЛОТ број 20210207.






– Со оглед на тоа дека производот содржи неозначени алергени, глутен и млечен протеин, производот може да претставува ризик за здравјето на потрошувачите чувствителни на нив, додека лицата кои не се алергични на наведените алергени можат и натаму да ги употребуваат без ограничувања – се вели во соопштението.

Поврзани содржини