КРАЈ НА ЉУБОВТА ПО ДВЕ ГОДИНИ ВРСКА Раскинаа Хари Стајлс и Оливија Вајлд

Извор близок на парот ги откри деталите зошто дошло до раскинување на врската помеѓу актерката и музичарот.

622

Музичарот Хари Стајлс (28) и актерката Оливија Вајлд (38) раскинаа по две години врска. Извор близок на парот ги откри деталите зошто дошло до раскинување на врската помеѓу актерката и музичарот.

– Тие и понатаму се блиски пријатели.  Во моментот имаат различни приоритети кои ги разделуваат. Притосокот на јавноста им беше голем товар. Имаа подеми и падови во текот на целата врска. Тој сѐ уште е на турнеја и сега заминува во странство, а таа поминува време со своите деца и е фокусирана на нејзината работа во Лос Анџелес – рекол изјави извор за „Пипл“






– Хари не ја остави Оливија, или обратно. Ова е најдолгата врска што ја имал, па очигледно е дека имаат посебна поврзаност – рекол изворот.

Стајлс и Оливија работеа заедно на филмот „Don‘t Worry Darling“, а се шпекулираше дека дошло до кавга меѓу Оливија и колешката Флоренс Пју, која исто така работеше со нив на филмот.

Медиумите пишуваа дека Оливија започнала врска со Хари уште додека била во брак со Џејсон Судејкис. Актерката има две деца од претходниот брак, ќерка и син.

ФОТО: Инстаграм/Allaboutolivia

Поврзани содржини