КРАЈ НА НАЈГОЛЕМАТА САГА ВО СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ Мохамед Салах останува на „Енфилд“

Иднината на Салах беше предмет на постојани шпекулации во текот на целата сезона, а извештаите сугерираат дека тој привлече сериозен интерес од клубовите во Саудиска Арабија.

318

Мохамед Салах потпиша нов договор со Ливерпул, соопштија од клубот.

Од „Енфилд“ објавија дека египетскиот интернационалец ќе остане во клубот и по крајот на актуелната сезона, но не го прецизираше времетраењето на новиот договор на играчот.






Според различни извори, тој е за период од две години.

Иднината на Салах беше предмет на постојани шпекулации во текот на целата сезона, а извештаите сугерираат дека тој привлече сериозен интерес од клубовите во Саудиска Арабија.

Сепак, од централата на клубот не избрзаа во преговори со нивната голема ѕвезда. На крајот на минатата година и самиот Салах призна дека не добил нова понуда од клубот, а зборовите на крилниот напаѓач сериозно ги загрижија навивачите на „црвените“.

На крајот, сепак, во последните месеци преговорите меѓу двете страни напредуваа брзо и беше постигнат договор.

Во досегашниот дел од сезоната, Салах има 32 гола на 45 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања.

Поврзани содржини