КРАЈ НА КАТАСТРОФАЛНИОТ ПРЕВОЈ Рехабилитацијата на Пресека финишира до февруари

Рехабилитацијата опфаќа 15 километри патен правец и треба да ја подобри безбедноста додека не се пушти автопатот Охрид–Кичево.

1,757

Рехабилитацијата на патниот превој Пресека се одвива со засилена динамика, а целиот патен правец се очекува да биде целосно завршен до февруари, со што значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски денеска изврши увид во градежните активности на превојот Пресека, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски, како и градоначалниците на општините Кичево и Дебарца.






Според министерот, станува збор за значаен инфраструктурен проект што опфаќа рехабилитација на вкупно 15 километри патен правец, кој има клучна улога за безбедно и побрзо поврзување на главниот град со Охрид и Струга.

– Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, кој претставува главна артерија, не само за поврзување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, работите се одвиваат со одлична динамика. До февруари месец целиот патен правец би требало да биде завршен, што значително ќе помогне за побезбедно и побрзо патување, сè додека не биде пуштен во целост автопатот Охрид–Кичево – истакна Николоски.

Тој потсети дека патниот превој Пресека бил во исклучително лоша состојба, оценувајќи ја како „навистина катастрофална“, и нагласи дека рехабилитацијата ќе има директен ефект врз зголемување на безбедноста и квалитетот на сообраќајот во овој дел од земјата.

Поврзани содржини