КРАЈ НА ИГРАТА ЗА КИБЕРКРИМИНАЛЦИТE, ЗАПЛЕНЕТИ МИЛИОНИ Во меѓународна акција се неутрализирани повеќе малициозни софтвери
Во ацкијата на Еворпол и Евроџаст биле неутрализирани софтверите Bumblebee, Lactrodectus, Qakbot, DanaBot, Trickbot и Warmcookie кои обично се користат за да се отвори патот за поголеми сајбер-напади.
Европол и Евроџаст запленија 3,5 милиони евра криптовалути од киберкриминалците низ светот демонтирајќи клучен софтвер во голема меѓународна операција наречена „КРАЈ НА ИГРАТА“. Се работи за софтверот Ransomware кој ги заклучува или шифрира податоците на заразениот компјутер, а потоа бара откуп (најчесто во криптовалути) од жртвата за да ѝ овозможи повторно пристап до тие податоци.
Од 19 до 22 мај, властите во ЕУ соборија околу 300 сервери низ целиот свет, неутрализираа 650 домени и издадоа меѓународни потерници за 20 лица, задавајќи директен удар врз синџирот на убивање на рансомвер.
Операцијата на Европол и Евроџаст следува против слична опреација против ботнет мрежи во 2024 година. Малициозниот софтвер и хакерите повторно се појавиле по акцијата во 2024 година, а овојпат фокусот бил на начинот на кој киберкриминалците се инфлитрираат во компјутерските системи пред да го распоредат рансмовер-от.
Со уништување на овие влезни точки бил оштетен целиот синџир и биле неутрализирани софтверите Bumblebee, Lactrodectus, Qakbot, DanaBot, Trickbot и Warmcookie. Овие софтвери обично се користат за да се отвори патот за поголеми сајбер-напади.
Покрај тоа, издадени се меѓународни налози за апсење против 20 клучни актери за кои се верува дека обезбедуваат или управуваат со услуги за почетен пристап до оператори на рансомвер.
Во акцијата учествуваа Канада, Данска, Франција, Германија, Холандија, Велика Британија и САД.