КРАЈ НА ЕРАТА НА АХМЕТИ, ДУИ Е ИЗБРИШАНА ОД ПОЛИТИЧКАТА КАРТА Време е за нова визија во албанската политика, порача Вреди

2,753

Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети, соопшти коалицијата Вреди.

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и со измами – граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, потенцира Вреди.






„Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската унија за интеграција е избришана од политичката карта. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет. Ова не го кажува Вреди, го кажува слободниот глас на Албанците“, соопшти коалицијата.

Во првиот круг, се додава во соопштението, Вреди убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и во Теарце. Во вториот круг Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и во Тетово.

„Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика. Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува. Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика. Вреди го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците, бидејќи Албанците веќе проговорија“, соопшти коалицијата Вреди.

Поврзани содржини