КРАЈНА ЦЕЛ СЕ РЕФОРМИТЕ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ Ковачевски се сретна со Гутереш во ОН
Реформите во областите на доброто владеење, борбата со корупцијата, реформите во судскиот систем, како и јакнењето на социјалната кохезија, ќе бидат приоритетите на земјата. Крајната цел на Владата е да воведе значајни промени во животот на нејзините граѓани, да ја подобри легислативата, да ги зајакне капацитетите и ефикасноста на институциите, истакна премиерот.
„Ковачевски во оваа прилика истакна дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги искористиме сите ресурси и механизми на оваа организација, со цел да се намалат тензиите и да се воспостават канали на комуникација и критички дијaлог. На средбата беше разговарано и за Преспанскиот договор како пример кој имаше исклучително позитивно влијание врз билатералниот и регионалниот развој на Република Северна Македонија и Грција, и чија имплементација и пошироко беше оценета како историски чин“, наведува прес-службата на Владата.
Ковачевски изрази големо задоволство и од неодамнешното отпочнување на скрининг процесот во рамки на пристапните преговори кон ЕУ, потврдувајќи ја нашата силна посветеност на реформските процеси на патот кон европското семејство.