КРАЈ НА БЕСПЛАТНИОТ ПАРКИНГ ВО АЕРОДРОМ Од септември ќе се плаќа и во Реонски центар и во Ново Лисиче

По барање на жителите, зонското паркирање ќе се воведе истовремено во Ново Лисиче и Реонски центар, со што завршува ерата на бесплатно паркирање во овие населби.

5,055

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави дека до крајот на септември ќе започне наплата на паркингот и во Реонски центар и во Ново Лисиче, досега единствените зони во Аеродром каде паркирањето сè уште беше бесплатно.

– Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје, меѓутоа ние сме во координација со нив. Општината изготви проект и се чека одобрување од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи. Очекувам дека најдоцна до крајот на септември ќе почне да функционира во Ново Лисиче и во Реонски центар – рече Митески.






Откако ќе се добие зелено светло од надлежните институции, ќе следи бележење на паркинг местата и поставување на информативни табли. Воведувањето на наплатата ќе биде истовремено во двете населби, како што и побараа жителите со цел да се избегне „миграција“ на возила од едно кон другото место.

Граѓаните се жалат дека паркирањето во двата реона е речиси невозможно. Според нив, на паркинзите пред зградите секојдневно паркираат автобуси, комбиња и возила од други општини, каде зонското паркирање веќе функционира и се наплаќа, што дополнително им го отежнува животот.

Поврзани содржини