„Кожувчанка“ донираше 100.000 шишиња вода и 22.000 лименки „Sinetta“ на пунктовите за вакцинација

На пунктот во Кавадарци масовно се вакцинираат сите заинтересирани граѓани од Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово, Дојран и Гевгелија.

1,604

Компанијата „Кожувчанка“ ДОО донираше 100.000 шишиња вода „Изворска“ и 22.000 лименки безалкохолен пијалок „Sinetta“ за потребите на сите регионални пунктови за вакцинација во државата.

„Кожувчанка“ како општествено одговорна компанија донираше негазирана природна вода и безалкохолни пијалоци на регионалниот пункт за вакцинација во Кавадарци кој е домаќин за масовно вакцинирање за сите заинтересирани граѓани од Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово, Дојран и Гевгелија.






– Со тоа докажуваме дека сме одговорен поборник онаму каде што е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број клиники и ковид центри насекаде во нашата земја. И во овие тешки моменти нашата компанија несебично помага онаму каде што е потребно. Чест и задоволство ни е што и во овие моменти на вакцинација и имунизација го правиме истото – изјавија од „Кожувчанка“.

Поврзани содржини