КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ СЕ НЕУСТАВНИ Српскиот епидемиолог Кон повикува адвокатите да најдат решение

Според него екстремната поларизација на населението не му оди во прилог никому.

1,178

Д-р Предраг Кон, епидемиолог и член на српскиот Кризен штаб, оцени дека ставот на јавното здравство насекаде во светот во врска со ковид-пропусниците е сличен, дека тие се неопходни, но дека се неуставни во Србија.

Според него екстремната поларизација на населението не му оди во прилог никому.






– Имаме проблем, а тоа е што не може да се спроведат, бидејќи според некои проценки се неуставни. Не можам да зборувам за тоа, тој став го изразуваме буквално на секоја седница на Кризниот штаб повторно. И сега е така. Нема дискусија ако нешто е противуставно, а од друга страна, времето минува – рече Кон.

 

 

Тој рече дека не знае дали идејата за ковид-пропусниците ќе биде отфрлена.

– Има адвокати, тоа не е моја професија, едноставно не знам – вели Кон, додавајќи дека не знае каде е правниот излез.

Тој, исто така, за ТВ Курир нагласи дека законите биле изменети во претходниот период, за да може да се спроведат и контролираат некои мерки.

– Ситуацијата е лизгава, тврдам дека ова е најдоброто решение во моментов, но и затворањето не е решение – смета Кон.

Поврзани содржини